Врз основа на член 14 став 1, член 15 и член 18 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/2015, 217/2015, 30/2016 и 21/2018) и согласно Правилникот за критериуми за утврдување на висината на надоместокот за пренос на материјалното авторско право за учебниците во основното и средното образование бр.22-10483/1 од 18.07.2013 година, бр.22-10483/2 од 16.09.2013 година и бр.03-6645/1 од 18.03.2015 година, Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува
КОНКУРС
за издавање на учебници за IV година средно стручно четиригодишно образование
1. ОПШТИ УСЛОВИ
- Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.
Предмет на конкурсот: Понуди за издавање по еден учебник за наставните предмети:
Ред.број |
Назив на предметот |
Година на изучување |
1. |
Македонски јазик и литература надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 299.430,00 (двесте деведесет и девет илјади и четиристотини триесет ) денари. |
IV |
2. |
Албански јазик и литература надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 299.430,00 (двесте деведесет и девет илјади и четиристотини триесет ) денари. |
IV |
3. |
Македонски јазик и литература за учениците од другите заедници надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
4. |
Информатика (изборен) СТРУКА/СЕКТОР:Сообраќајна/Сообраќај, транспорт и складирање надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
5. |
Математика СТРУКА/СЕКТОР:Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија, Градежно-геодетска/Градежништво и геодезија, Електротехничка/Електротехника, Машинска/Машинство, Сообраќајна/ Сообраќај, транспорт и складирање, Текстилно-кожарска/Текстил, Кожа и слични производи и Хемиско технолошка/Хемија и технологија надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
6. |
Математика (изборен) СТРУКА/СЕКТОР:Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија, Градежно-геодетска/Градежништво и геодезија, Графичка/Графичарство, Економско-правна и трговска/Економија, право и трговија, Електротехничка/Електротехника, Здравствена/Здравство и социјална заштита, Земјоделска-ветеринарна/Земјоделство, рибарство и ветеринарство, Лични услуги/Лични услуги, Машинска/Машинство, Сообраќајна/ Сообраќај, транспорт и складирање, Текстилно-кожарска/ Текстил, кожа и слични производи, Угостителско-туристичка/ Угостителство и туризам, Хемиско-технолошка струка/Хемија и технологија и Шумарско-дрвопреработувачка/Шумарство и обработка на дрво надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
7. |
Физика (изборен) СТРУКА/СЕКТОР:Градежно-геодетска/Градежништво и геодезија, Електротехничка/Електротехника, Лични услуги/Лучни услуги, Машинска/Машинство, Шумарско-преработувачка/Шумарство и обработка на дрво и Здравствена/Здравство и социјална заштита надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари.
|
IV |
8. |
Физика (изборен) СТРУКА/СЕКТОР:Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
9. |
Хемија (изборен) СТРУКА/СЕКТОР: Текстилно-кожарска/ Текстил, кожа и слични производи надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
10. |
Хемија (изборен) СТРУКА/СЕКТОР:Графичка/Графичарство, Хемиско-технолошка/Хемија и технологија, Лични услуги/Лични услуги, Шумарско-дрвопреработувачка/Шумарство и обработка на дрво и Здравствена/Здравство и социјална заштита надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
11. |
Биологија (изборен) СТРУКА/СЕКТОР:Здравствена/Здравство и социјална заштита, Земјоделско-ветеринарна/Земјоделтво, рибарство и ветеринарство и Шумарско-дрвопреработувачка Шумарство и обработка на дрво надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
12. |
Логика СТРУКА/СЕКТОР:Економско-правна и трговска/Економија, право и трговија надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
13. |
Психологија СТРУКА/СЕКТОР:Економско-правна и трговска/Економија, право и трговија надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
14. |
Спорт и спортски активности надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 284.458,00 (двесте осумдесет и четири илјади и четиристотини педесет и осум ) денари. |
IV |
1.1. Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.
1.2. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со шестиот примерок на учебник.
1.3. На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет.
1.4. Автор на учебник не може да биде лице вработено во Министерството за образование и наука, во органите во состав на Министерството, во Центарот за стручно образование и обука, во Центарот за образование на возрасни, претседателот и членот на Националната комисија и член на рецензентската комисија.
1.5. Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и програми за соодветната година, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование.
1.6. Ракописот за учебник треба да ги исполнува условите и стандардите согласно со Концепцијата за учебник за основно и средно образование.
1.7. Ракописот за учебник се доставува во печатена форма во 5 (пет) ликовно, графички и јазично уредени примероци (3 примероци во боја и 2 црно бели), изработени според наставниот план и програми за соодветната година, предмет (назив на струка/сектор, образовни профили/квалификации) и Концепцијата за учебник за основно и за средно образование.
1.7.1. Ракописот за учебник не смее да содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица за кои авторите немаат дозвола за користење.
1.8. Ракописот за учебник се доставува и во електронска форма.
1.9. Авторите ракописот на учебник го доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо (освен за ракописот за учебник по наставниот предмет Албански јазик и литература).
За учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја следат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, ракописите на учебниците се доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
1.10. Министерот и авторот на учебникот склучуваат договор за пренос на материјалното авторско право во кој се утврдуваат меѓусебните права и обврски.
1.11. Ако авторот на учебник на конкурсот понудил дополнителна литература согласно со член 15 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, истата е должен да ја отстапи без пренос на материјалното авторско право согласно член 18 став 2 од Законот.
2. РОКОВИ
2.1 Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 27.06.2022 година.
3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1. Конкурсната документација ги содржи: Наставниот план и програма за соодветната година, предмет, Концепцијата за учебник за основно и средно образование и Законот за учебници за основно и средно образование.
3.2. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје или на www.bro.gov.mk, www.mon.gov.mk
4.ДОСТАВУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИТЕ
4.1. Понудите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со доставување во Архивата на Министерството за образование и наука - Педагошка служба – зграда на Нова Македонија – ул „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.
4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ,,НЕ ОТВАРАЈ,, и ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ,, насловот на учебникот, година, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје
4.3. Авторите на ракописи на учебници во доставениот пакет на кој пишува ,,НЕ ОТВАРАЈ,, треба да достават и затворен плик на кој исто пишува „НЕ ОТВАРАЈ„, со следните податоци и документи: точно име и презиме на авторот/ите, адреса на живеење, телефонски број, институција во која се вработени, уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование, изјава од лекторот за јазично уредување на текстот и потврда за положен испит за лектор (оригинал или заверена на нотар), изјава дека ракописот за учебник не содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица за кои авторите немаат дозвола за користење.
4.4. Доколку името и презимето на авторот во пријавата се разликуваат од името и презимето наведено во уверението или дипломата за завршено соодветно образование, се приложува соодветен доказ за истоветноста на податоците.
4.5. Пликот ,,НЕ ОТВАРАЈ,, се отвора по одобрување на шифрите на учебниците.
4.6. Материјалите под точка 4.1., 4.2., 4.3. и 4.4. се доставуваат во затворен пакет на кој е запишано само ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК,, и името на учебникот, струка/сектор, образовни профили/квалификации адреса - Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје.
5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
5.1. Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние што не се изработени согласно со условите на овој Конкурс, ќе бидат дисквалификувани.