Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири на состанок со претставници на ДЕУ и МФ за искористеноста на средствата од Европските фондови

Шаќири на состанок со претставници на ДЕУ и МФ за искористеноста на средствата од Европските фондови

 

Шаќири на состанок со претставници на ДЕУ и МФ за искористеноста на средствата од Европските фондови

 

Финансиската и логистичката поддршка која ја добиваме од Европската унија при реализацијата на низа реформски процеси во областа на образованието, а во контекст на интегрирање на државата во европското семејство, ни е особено важна и јас очекувам таа не само да продолжи во следниот период, туку и дополнително да се зголеми.

 

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на денешниот редовен месечен брифинг со високи претставници од Делегацијата на Европската унија и Министерството за финансии во однос на процесот на реализација на средствата од ЕУ фондовите, во рамки на ИПА 2 Акциските програми за 2017 и 2019 година.

 

„Искористеноста на овие средства висока, а процесите ги спроведуваме максимално транспарентно, така што верувам дека и довербата кај нашите партнери расте и тоа ќе ни овозможи отворање на нови финансиски можности“, рече Шаќири.

 

Министерот додаде дека за Северна Македонија како и досега, така и понатаму врвен стратешки приоритет останува интеграцијата во ЕУ и дека сите институции посветено работат во своите области заради исполнување на условите и критериумите кои ги наложува унијата.  

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar