Полската национална агенција за академска размена - NAWA известува дека во академската 2022/23 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation - offer for incoming students and scientists”).
Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2022/23 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно за научно-истражувачка пракса и за едно-семестрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска.
Почнувајќи од академската 2022/23 година NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.
Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:
Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најкасно до 15 април 2022 година.
Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/
Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци,
E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk
Прилог:
- Announcement of the call for proposals;
- Application form for candidates for the academic year 2022/23.