Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Заклучок од 3-тата седница на Владата

Заклучок од 3-тата седница на Владата

 

Од 3-та седница на Владата: Бројот на наставните денови во основното и средното образование ќе бидат  172 односно 158 наставни денови  за завршната година на средното образование, следува измена на наставните програми со цел завршување на учебната година на 10 јуни 

Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.

Со оваа одлука бројот на наставните денови во учебната 2021/20221 во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година. 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar