Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Томшиќ од МОН: Четири факултети и уште 10 основни и средни училишта ќе добијат целосна пристапност за лица со попреченост, системски работиме на целосно инклузивно образование

Томшиќ од МОН: Четири факултети и уште 10 основни и средни училишта ќе добијат целосна пристапност за лица со попреченост, системски работиме на целосно инклузивно образование

 

Томшиќ од МОН: Четири факултети и уште 10 основни и средни училишта ќе добијат целосна пристапност за лица со попреченост, системски работиме на целосно инклузивно образование

 

 

Mинистерството за образование и наука посветено работи на обезбедување инклузивно образование. Образовните институции треба да бидат целосно пристапни и достапни и затоа, денеска на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост  кој се одбележува преку пораката „Лидерство и учество на лицата со попреченост, кон инклузивен, пристапен и одржлив пост Ковид-19 свет“,  го започнуваме  проектот „ЕУ за вклучување“ којшто се реализира преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 и преку кој ќе се обезбеди целосна вертикална и хоризонтална пристапност на 14 образовни институции – 6 основни, 4 средни и 4 високо образовни установи.

 

Токму денес се одржа координативна средба со Архитектонскиот факултет, Градежниот факултет, Економскиот факултет, Правниот факултет, Филозофскиот и Филолошкиот факултет со што се означи договорот за започнувањето на градежните активности во текот на овој зимски семестар и се истакна важноста од обезбедувањето на пристапноста на високообразовните установи во државата, вклучени во  Проектот за непречен пристап кон образовни институции. Очекуваме веднаш на почетокот на  2022 да почнат адаптационите зафати, рече Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука, на состанокот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, што денеска се одржа во Владата на Република Северна Македонија.

Освен четирите објекти на наведените факултети, со Проектот целосна пристапност ќе се обезбеди и  во основните училишта Лазо Ангеловски (о. Аеродром), Кузман Јосифовски Питу (о. Кисела Вода),  Братство и Единство (о. Дебар), Лириа (о. Тетово), Браќа Миладиновци, Крсте Мисирков и Бајрам Шабани (о.Куманово), како и средните училишта Наум Охридски (о.Охрид), Гоце Стојчевски (о.Тетово), Наце Буѓони (о. Куманово), Раде Јовчевски – Корчагин (о.Центар) и Младинскиот културен центар во Скопје.

 

 

„Пристапноста и достапноста на образовните институции е многу важна затоа што ја зголемува самостојноста на лицата со попреченост и им овозможува поголема независност. Ги повикувам другите државни институции, локалните самоуправи и јавните претпријатија да го следат примерот на Министерството за образование и наука и условот  ‘пристапност’ при јавните набавки за градба или адаптација на објектите да биде задолжителен и сите заедно да го зголемиме степенот на пристапноста кон јавните институциите“, посочи Томшиќ.

 Дополнително, денеска како дел од имплементација на Стратегијата за инклузија на лицата со попреченост на Обединетите нации, започната во 2019 година, во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ, МОН ги повика сите основни училишта да го одбележат овој ден преку одржување на час на тема „Употреба на инклузивен јазик“ за учениците од 4-то до 9-то одделение, со цел едукација на учениците и подигнување на свеста за усвојување на јазик што ја слави различноста и кој нема да биде навредлив или несоодветен и кој може да претставува основ за дискриминација и кршење на човековите права.

 

Препораката е оваа наставна активност, односно час кој е подготвен врз основа на Упатствата за употреба на инклузивен јазик да се одржи на одделенски час во период од 06.12.2021-17.12.2021 година.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост Министерството за образование и наука го одбележува со променет и системски пристап во унапредувањето на правата и можностите за квалитетно образование на децата со попреченост.

 Томшиќ укажа дека основната цел на Министерството за образование и наука е на секое дете да му овозможи да го постигне својот полн потенцијал.

 

 „Затоа МОН ги повикува сите, заеднички, во соработка со учениците и студентите, со  нивните родители и наставници, како и со сите општествени чинители, да работиме на натамошно унапредување на процесот на инклузија во образовниот систем и во општеството во целина. Тоа е и нашиот придонес кон градењето на современо граѓанско општество како општество на сите“, рече Томшиќ.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar