Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / На Глобалниот состанок 2021 на УНЕСКО, Република Северна Македонија ги потврди заложбите за создавање на современо и квалитетно образование

На Глобалниот состанок 2021 на УНЕСКО, Република Северна Македонија ги потврди заложбите за создавање на современо и квалитетно образование

 

На Глобалниот состанок 2021 на УНЕСКО, Република Северна Македонија ги потврди заложбите за создавање на современо и квалитетно образование

 

 

Република Северна Македонија даде силен сигнал и ги потврди заложбите за создавање на квалитетно и современо образование, со учеството на заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, денеска на Глобалниот состанок за образование за 2021 година. Состанокот на тема „Инвестирајте во образованието – глобална мобилизација за закрепнување од Ковид-19 и за иднината на образованието“, е организиран од УНЕСКО и Владата на Република Франција, како дел од 41.сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а од него произлегоа заклучоци, претставени во Париската декларација.

 

Изминатиот период Министерството за образование и наука забрзано и посветено работи на реформски процеси во основното образование, како и на унапредување на средното и на високото образование и научно истражувачката дејност. Во таа насока подготвени се нови наставни програми кои етапно ќе се имплементираат во деветолетката, но и зајакнати се инвестициите во училишните објекти со кои се подобруваат условите за настава и за престој на учениците. Дополнително МОН посвети огромно внимание на унапредување, обуки и поддршка на наставниот кадар кој е клучен за создавање на квалитетно образование.

 

МОН продолжува и со унапредување и развој на средното образование, но и зајакнување на високото образование преку промена на моделот за финансирање на научно истражувачката дејност со кој се обезбедува континуитет во развојот.

 

Со низа процеси кои се во тек,  Министерството за образование и наука продолжува посветено да ги спроведува главните цели во делот на образованието од Агендата 2030 за одржлив развој. 

 

На состанокот учествуваа Генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателите на Етиопија и Намибија, претседателот на Генералното собрание на ОН, министри за образование.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar