Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повторен јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за финансирање на научно -истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година ( поддршка за развој на лабораториски ресурси)

Повторен јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за финансирање на научно -истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година ( поддршка за развој на лабораториски ресурси)

 

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16), и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр 257/20 и 163/21), член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ” бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13)  и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-13720/1 од 21.09.2021 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:

 

 

ПОВТОРЕН ЈАВЕН ОГЛАС

 

 

за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за финансирање на научно -истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година ( поддршка за развој на лабораториски ресурси)

 

              Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог - проекти по Конкурсот за финансирање на научно -истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година ( поддршка за развој на лабораториски ресурси).

 

            Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и  научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.

 

                           Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, научни подрачја и научни области на истражување:

 

         

1.

Техничко-технолошки науки:  Градежништво и водостопанство (геотехника, земјотресно инжинерство, механика на цврсти градби);  

2.

Медицински науки и здравство :   нуклеарна медицина; нефрологија (трансплатација на бубрег);

3.

Биотехнички науки:    наука за земјата и хидрологија (Plodnost na zemji{teto i fertilizacija); Заштита на растенијата; Растително производство; Овоштарство; Лозарство; Преработка на дрво (тестирање на мебел, стакло и градежна столарија); 

 

Избраните рецензенти, пријавените  проекти ќе ги оценуваат врз

основа на следните критериуми:

 

-       придонес во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;

-       релевантноста на проектот на целите на истражувањето

-       оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;

-       компетентност на главниот истражувач;

-       компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;

-       потенцијал на проектот за практична примена и достапност на лабораториската инфраструктура во земјата;

-       потенцијал на проектот за признавањето на лабораториската инфраструктура и научното влијание на меѓународно ниво;

-       остварливоста на предлог проектот (финансиска конструкција), можности за примена на резултатите;

-       квалитет на апликацијата (опфат и комплетност, суштина, деталност, прецизност и јасност)

-       идеен план за управување со лабораториските ресурси (формализирање, организираност и долгорочна одржливост за користење на лабораториската инфрастуктура)

 

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-       доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти

-       изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс.

            Пријавата за рецензент,  уредно  пополнета се доставува во :

             Министерството за образование и наука 

             Сектор за наука и иновации

Бул. „Св. Кирил и Методиј “ бр. 54

1000 Скопје

 

 Краен рок за доставување на пријавите е  08.10.2021 година ( 15:30 час)

 

Некомплетни или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 За симнување:

Пријавата за рецензент   (линк)

Оценувачки лист (линк)

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar