Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: се организираат обуки за обучувачи на ментори вработени во компаниите кои учествуваат во реализација на концептот на дуално образование преку практична едукација на учениците

МОН: се организираат обуки за обучувачи на ментори вработени во компаниите кои учествуваат во реализација на концептот на дуално образование преку практична едукација на учениците

 

МОН: се организираат обуки за обучувачи на ментори вработени во компаниите кои учествуваат во реализација на концептот на дуално образование преку практична едукација на учениците

 

 

Повеќе од 200 компании се вклучија во реализација на концептот на дуално образование кој оваа година значително се прошири и опфати 44 средни стручни училишта во кои се отворија вкупно 97 дуални паралелки, за разлика од минатата година кога постоеја само 11, а во кои се запишани околу 1400 ученици.

 

Компаниите имаат обврска да организираат практична обука за учениците и тоа директно на работно место, за што треба да обезбедат соодветни услови - работна средина, опрема, алати и машини и особено важно – лице ментор кое ќе ги води учениците низ работниот процес во компанијата.

 

За таа цел, во периодот од 16 до 18 септември во Охрид се реализираше обука за обучувачи на лица ментори, кои треба да го забрзаат процесот на сертификација на ментори од компаниите, а кои во моментов се дефицитарни. Обуката се спроведе  преку проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ кој е финансиран од Швајцарската амбасада во Скопје, а ја реализираа искусни обучувачи - претставници од коморите, од трите Регионални центри за стручно образование и обука и советници од Центарот за стручно образование и обука, според изработена Програма за обука на обучувачи на ментори.

 

Новите сертифицирани обучувачи на ментори од компании, ќе треба да ги запознаат лицата номинирани од компаниите со образовната законска регулатива, начинот на комуникација со учесниците во процесот, посебно со учениците, подготовка на планот за реализација на практичната обука кој треба да биде во корелација со наставната програма за дадената квалификација, и следењето и вреднувањето на напредокот на учениците.

 

Менторите од компаниите понатаму, ќе имаат исклучителна важност во едукацијата на учениците и нивната стручна подготовка, односно во стекнувањето на практичните вештини и стручни компетенции од кои најмногу зависи успешниот настап на младите на пазарот на трудот.

 

Концептот на дуално образование значително се унапреди оваа година и тоа токму преку дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ преку кој МОН заедно со бизнис заедницата, општините и училиштата креираа една заедничка уписна политика која им одговара на сите засегнати страни, а особено е насочена кој развој и промоција на средното стручно образование. Резултат од оваа активност е зголемен број на ученици запишани во средни стручни училишта и тоа за 6% повеќе од лани, што е причина за зголемената потреба од ментори на ученици во компаниите, а заради што интензивирано се организираат и посочените обуки.  

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar