Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

 

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања и амбасадата на Соединетите американски држави на кој се разговараше за планираните активности во делот на дигитализацијата на образованието и развојот на дигиталните вештини, преку проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП) и финансиран од Естонија и САД.

 

 

Проектот којшто го започнува Секретаријатот за европски прашања, а е во насока на поддршка на дигитализацијата во Северна Македонија е дел од приоритетите на Владата за носење на европски вредности дома, меѓу кои и дигитализацијата на образованието.

 

Министерството за образование и наука е мапирано како релевантно министерство за споделување на искуства и информации, како и за состојбите во однос на дигитализација на процеси и услуги во образованието, со цел поефективно планирање и дефинирање на понатамошните активности на проектот.

 

 

Целта на проектот е да се споделат најдобри практитки и искуства од естонската дигитализација, а дел од активностите на проектот вклучуваат: обуки и менторство за релевантните државни службеници и институции во Северна Македонија, развој и имплементација на решение за е-управување и техничка поддршка и управување со промени.

 

Проектот ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци, а започнува преку средби и заеднички работилници со претставници од релевантни институции и други чинители од Северна Македонија.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar