Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска на состанок со наставниците-ментори: Имате целосна поддршка од МОН, заеднички да направиме поквалитетно образование со новата Концепција

Царовска на состанок со наставниците-ментори: Имате целосна поддршка од МОН, заеднички да направиме поквалитетно образование со новата Концепција

 

Царовска на состанок со наставниците-ментори: Имате целосна поддршка од МОН, заеднички да направиме поквалитетно образование со новата Концепција

 

Наставниците кои работат по новите програми за прво и четврто одделение се максимално посветени на спроведувањето на новата Концепција за основно образование. Ние како ментори сме им директна поддршка во имплементација на реформите, а предизвиците кои се појавуваат ги надминуваме заеднички, ја информираа наставниците-ментори, министерката за образование и наука Мила Царовска, на денешниот редовен состанок.

Менторите посочија дека наставниците, кои минаа низ целосни обуки, без проблеми ја почнаа новата учебна година и дека се задоволни што сега имаат слобода во креирање на часот.

Министерката Царовска им посака успешна работа на наставниците ментори и им посочи дека МОН е секогаш тука да им ја даде потребната поддршка со цел да се постигнат максимални резултати во нивната, но секако и работата на наставниците.

„Ве охрабрувам да го дадете својот максимум во успешната реализација на наставата. Со вашето искуство Вие можете многу да им помогнете на наставниците во реализација на планираните содржини и во примената на најсоодветни активности за постигнување на резултатите од учење. Сигурна сум дека овие суштински реформи ќе резултираат со поквалитетно образование, во што ќе се увериме на следните меѓународни и национални тестирања на знаењата на учениците“, рече Царовска. 

МОН наставниците-ментори ги избра на јавен конкурс. Услов за да се здобијат со ова звање беше, да имаат најмалку 7 години работни искуство како наставник, да се вработени на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar