Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Нова програма за обука на млади професионалци од Северна Македонија во Германија/Северна Рајна – Вестфалија 2022 година

Нова програма за обука на млади професионалци од Северна Македонија во Германија/Северна Рајна – Вестфалија 2022 година

 

Нова програма за обука на млади професионалци од Северна Македонија во Германија/Северна Рајна – Вестфалија 2022 година

 

Германското друштво за меѓународна соработка во Северна Македонија ( ГИЗ) ќе  спроведе  програма за професионална квалификација на потенцијалните млади професионалци од Северна Македонија кои ќе се пријават за програмата за обука во Германија. Оваа програма ГИЗ ќе ја спроведе во име на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и Државната канцеларија на Северна Рајна - Вестфалија  (НРВ).

 

Главната компонента на оваа програма се имплементира во Германија (НРВ) и се однесува  главно на два големи проблеми во Северна Македонија : невработеност кај младите и недостаток на квалификуван кадар – преку обезбедување специјализирано знаење за младите Македонци во економските сектори ориентирани кон иднината, како и практично искуство.

 

Програмата ќе обезбеди квалификација ориентирана кон практиката за студенти (кои имаат завршено најмалку 5-ти семестар во 02/2022 година), дипломирани студенти од универзитет, практиканти (во последната година на обука), дипломирани студенти од средни технички училишта (колеџи) и млади професионалци (со помалку од 1 година работно искуство) кои сакаат да станат идни професионалци и менаџерски кадар во економските сектори кои се важни за општинските услуги.

 

Идниот професионален фокус на пријавените треба да биде во една од следниве области: циркуларна економија и рециклирање, архитектура и енергетски ефикасна градба, деловна администрација, дигитализација и ИТ, снабдување со енергија и обновливи енергии, управување со животната средина и зелена економија, машинство, урбанистичко планирање, третман на вода и отпадни води и економија.

 

Пријавувањето е од 1 август и трае до 30 септември 2021 година.

 

Претходно избраните апликанти ќе бидат интервјуирани од претставници на ГИЗ во Скопје на крајот на септември/ почеток на октомври 2021 година. Најдобрите апликанти ќе бидат избрани во потесен избор за квалификациската програма; сепак, тие ќе треба да го поминат усогласувањето со барањата на германските компании/институции и да положат курс по германски јазик на Гете Институтот во Скопје.

 

Програмата за обука ќе се одвива во Северна Рајна- Вестфалија (НРВ) од април до јули (октомври) 2022 година. Повеќе детали за програмата може да се најдат во приложените документи.

 

 

1.     Bewerbungsformular Nordmazedonien.docx (апликација на германски јазик)

2.     Application Form North Macedonia.docx (апликација на англиски јазик)

3.     Programmbroschuere Qualifizierung Nordmazedonien.pdf (брошура на германски јазик)

4.     Programme brochure Qualification North Macedonia.pdf (брошура на англиски јазик)

5.     Flayer Qualifizierung Nordmazedonien.pdf (флаер на германски јазик)

                          6.   Flayer Qualification North Macedonia.pdf (флаер на англиски јазик)

 

Заинтересираните треба да го преземат и пополнат  формуларот за пријава и да го испратат најдоцна  до 30.09.2021 на посочената адреса.

 

Повикот е објавен на страницата на ГИЗ и на социјалните мрежи на следните линкови:

 

https://www.facebook.com/gizskopje/posts/2883138612000503

 

https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:6830463855882199040/

 

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar