Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2021/2022 година

Конкурс за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2021/2022 година

 

Врз основа на член 12-а од Закон за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/16 и 142/16) и Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија (“Службен весник на Република Македонија” бр.191/15), а согласно Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2021/2022 година, бр. _________ од __. __. 2021 година Министерството за образование и наука распишува

 

КОНКУРС

за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“

за учебната 2021/2022 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии за учениците запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија.

  I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици во Спортската академија од II, III и/или IV година

2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 1.9.2021 до 15.9.2021 година, од 08-16 часот.

 III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавиле електронски потребно е да ги достават следните докименти:

1.      Барање амо за кандидатите што ќе аплицираат хартиено);

2.      Потврда дека е редовен  ученик во учебната 2021/2022 година издадена од ДСУ „Спортска академија“;

3.      Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;

4.      Изјава потпишана од родител/старател дека кандидатот не е корисник на   друга стипендија и

5.      Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи .

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од своја трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

.IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул.Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 1.9.2021 година до 15.9.2021 година, од 08.00-16.00 часот, ги доставуваат документите утврдени во глава III од конкурсот.

 

 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 Висината на стипендијата ќе изнесува 3500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 20.10.2021 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 8.10.2021 година на сајтот mon.gov.mk и во ДСУ „Спортска академија“.

 

 

                                                                         

 

 

 

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar