Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21), и Решението за распишување Конкурс за доделување 200 (двесте) стипендии за ученици од права година кои реализираат наставни планови и програми од електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско - туристичка струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка или текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022, бр.19-11173/1 од 26.07.2021 година, Mинистерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 200 (двесте) стипендии за ученици од прва година кои реализираат наставни планови и програми од електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско - туристичка струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка или текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година
Министерството за образование и наука ќе додели 200 (двесте) стипендии за ученици од прва година кои реализираат наставни планови и програми од електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско - туристичка струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка или текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:
1- Да се редовни ученици од ПРВА ГОДИНА средно образование кои реализираат наставни планови и програми од електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско - туристичка струка, земјоделско - ветеринарна струка, машинска струка или текстилно - кожарска струка во Република Северна Македонија;
2- Да имаат постигнато минимум континуиран многу добар успех во досегашното образование;
3- Да не повторувале година во текот на образованието;
4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5- Да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите е постигнатиот успех.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука. од 01.09.2021 до 15.09.2021 година, од 08-16 часот.
Потребните документи за доставување се следните:
1. Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;
3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (свидетелства од VI-IX одделение); (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални свидетелства)
4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
5. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:
-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 10.10.2021 година на интернет страницата на Министерството.
Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 20.10.2021 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци.
ЗАБЕЛЕШКА: Сите кандидати кои ќе доставуваат документи во хартија задолжително треба да достават и копија од лична трансакциска сметка, во спротивно пријавата нема да биде прифатена.