Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Авторката на материјалот по природни науки Лазареска: Првоодделенците ќе учат од интересен и шаренолик учебник полн со експерименти

Авторката на материјалот по природни науки Лазареска: Првоодделенците ќе учат од интересен и шаренолик учебник полн со експерименти

 

Авторката на материјалот по природни науки Лазареска: Првоодделенците ќе учат од интересен и шаренолик учебник полн со експерименти

 

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска.

“Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со  илустации”, вели авторката Билјана Лазареска.

Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето,  правата и слично.

“Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми  компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи  на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување  и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси”, вели Лазареска.

Имплементацијата на новата Концепција, која МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образование, стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосната имплементација на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години.

Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а исто така материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори.

линк:https://wetransfer.com/downloads/a61a22119e230f67181a25852f660f3a20210718100525/f25ba76ce1f461e329831ebd06509b4a20210718100554/f63f58

[ понеделник, 19 јули 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar