Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Рокот за продолжување на правото на ученичка стипендија е до 30 септември

Рокот за продолжување на правото на ученичка стипендија е до 30 септември

 

Рокот за продолжување на правото на ученичка стипендија е до 30 септември

 

Се известуваат сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува од 01.09.2021 и трае до 30.09.2021 година.

Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидителство.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку ученикот не е во можност да достави електронски, документите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството.

За подетални информации можете да се јавите на контакт телефонот во Министерството 072-219-986, Филиз Незир

[ петок, 16 јули 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar