Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16), Правилникот за постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за научно-истражувачката дејност на субјектите на научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ“ бр. 88/09, 149/09, 25/11 и 129/13) и Решението за објавување на Јавен оглас бр. 20-9797/1 од 01.07.2021 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални научно -истражувачки проекти меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Австрија
Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог - проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални научно -истражувачки проекти меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Австрија кои ќе се финансираат во периодот 2022-2023 година.
Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување.
Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:
1. |
Биотехнички науки |
2. |
Хуманистички науки, јазици и литература |
3. |
Инженерство и технологија, машинство |
4. |
Минералогија |
5. |
Индустриско инженерство |
6. |
Општествени науки |
7. |
Фармакогнозија, аналитичка хемија |
8. |
Техничко -технолошки науки, технологија на прехрамбени производи |
9. |
Биотехнички науки, хемија и Енологија |
10. |
Фармацевтска технологија, медицинска технологија, индустриско инженерство и менаџмент |
11. |
Ботаника,флора, фитоценологија |
12. |
Композитни материјали |
13. |
Биосензинг, нановлакна, наносензори |
Избраните рецензенти, пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат врз
основа на следните критериуми:
- придонес во продлабочувањето и проширувањето на
научните знаења;
- оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
- компетентност на главниот истражувач;
- компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
- придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
- релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
- конкурентноста за меѓународна соработка;
- остварливоста на предлог проектот (финансиска
конструкција), можности за примена на резултатите.
Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).
Пријавата за рецензент, уредно пополнета заедно со кратка биографија (CV) да се достават во архивата на Министерството за образование и наука, Сектор за меѓународна соработка, ул. „Св. Кирил и Методиј “ бр. 54, 1000 Скопје, и електронски на следната email адреса: andrea.aleksovski@mon.gov.mk
Краен рок за доставување на пријавите е 30.09.2021 година ( 15:30 час)
Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.
За симнување:
Пријавата за рецензент ( линк)