Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Замислете каков ќе беше образовниот систем ако сите пари потрошени на „Скопје 2014“ се вложеа во образование

Царовска: Замислете каков ќе беше образовниот систем ако сите пари потрошени на „Скопје 2014“ се вложеа во образование

 

Царовска: Замислете каков ќе беше образовниот систем ако сите пари потрошени на „Скопје 2014“ се вложеа во образование

 

Замислете сите пари кои се вложени во Скопје 2014 година, да беа вложени во образование и здравство, каде ќе бевме денеска. Но не се вложени, период е пропуштен, парите се потрошени. Тоа е трагедија што се случувала во нашето општество. Ова е одговорот на министерката за образование и наука Мила Царовска на прашањето за состојбите во образованието за време на гостување на ТВ Тера во Битола.

 

„ Денеска одиме чекор по чекор, и модернизираме настава и реконструираме училишта и граѓаните тоа треба да го ценат. За период од 6 години ќе го фатиме чекорот и ќе го постигнеме стандардот за квалитет. Ако не почнеме денес, никогаш нема да стигнеме го крајот“, рече Царовска, додавајќи дека не можеме за 20 години да очекуваме економски раст, развој и просперитет на државата, ако не ги реализираме планираните реформи, бидејќи ќе немаме човечки потенцијал кој ќе го раководи сето тоа. 

 

„Образованието треба да го гледаме како внатрешно прашање кое нé засега нас и колку побрзо ги оствариме реформите за кои доцниме 20 години, толку подобро и за оние што се денеска во средна возраст и кои ќе треба да нé предводат сите нас и државата“ рече Царовска,

 

Министерката рече дека опозицијата постојано наоѓа изговори дека не треба да се зборува за образованието, бидејќи не било погоден момент, а всушност сите промени кои се случуваат сега, биле дел од изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar