Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува
ПОВТОРЕН ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за I година средно стручно четиригодишно образование
Авторските тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:
- |
Физика (Електротехничка струка, Градежно-геодетска струка, Графичка струка, Хемиско-технлошка струка, Лични услуги, Машинска струка, Сообраќајна струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка, Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка) за I година средно стручно четиригодишно образование, |
Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 25.05.2021 година. (пријава ).
Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:
- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование
Министерството за образование и наука известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.