Врз основа на член 24-б ставови (3) и (4) од Закон за средното образование („Службен весник на Република Македонија“бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/199, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/208, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18) и („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.229/2020), Министерството за образование и наука објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата
1. Услов за учество
На Јавниот повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), може да се пријават:
- ученици – државјани на Република Северна Македонија, запишани во средно училиште на територијата на Република Северна Македонија,
- наставник - државјанин на Република Северна Македонија, вработен во средно училиште на територијата на Република Северна Македонија, кој го подготвувал ученикот за олимпијадата,
a кои освоиле златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), во учебната 2020/2021 година.
2. Начин и рок на пријавување
Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави Пријава со која во прилог ги доставува и следните документи:
- Уверение за државјанство за ученикот во оригинал или копија заверена на нотар,
- Уверение за државјанство за наставникот во оригинал или копија заверена на нотар,
- Потврда дека е запишан како редовен ученик во средно училиште во учебната 2020/2021 година;
- Потврда за наставникот дека е вработен во средно училиште;
- Фотокопија од диплома или друг документ со кој ќе потврди дека е освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), во учебната 2020/2021 година, за ученикот и наставникот;
- Трансакциска сметка на ученикот и на наставникот;
- Изјава потпишана од родител/старател за согласноста за обработка на личните податоци на ученикот и
- Изјава потпишана од наставникот за согласноста за обработка на личните податоци.
Доколку наставникот кој го подготвувал ученикот заради неприсутво на олимпијадата, нема диплома или друг документ со кој ќе потврди дека е освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), како доказ се сметаат изјавите од алинеите 5, 6 и 7 од оваа точка.
Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат преку пошта на следната адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата“, најдоцна до 31.08.2021 година.
3. Доделување на награди
Министерството за образование и наука ќе додели, поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал. Паричната награда се исплаќа за период од 12 месеци.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.