Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: За 6 месеци дадовме 300 согласности за вработување на асистенти и професори

Царовска: За 6 месеци дадовме 300 согласности за вработување на асистенти и професори

 

Царовска: За 6 месеци дадовме 300 согласности за вработување на асистенти и професори

 

Голем дел од високообразовните установи во земјата ме известија дека од 2009 година немаат свеж кадар, а тоа укажува дека одредени институти немаат ниту еден кој ќе ги наследи оние кои ќе се пензионираат. И токму затоа, во изминатите 6 месеци дадовме 300 согласности за да можат факултетите да го обноват својот кадар со асистенти и професори, односно да ги вклучат најдобрите студенти во наставата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во интервјуто за Радио Слободна Европа по коментарот дека Независниот академски синдикат објавил информации дека од вкупно 26 факултети на најстариот универзитет во државата УКИМ во 8 нема ниту еден асистент, а во повеќето има недостиг на таков кадар.

Министерката потенцираше дека особено алармантна била состојбата на катедрата по физика при Природно – математичкиот факултет во Скопје, каде најдобрите студенти заминале надвор од земјата во потрага по подобра иднина, а каде сега состојбата е значително променета.

„Јас сум среќна што успеавме да вратиме дел од најдобрите студенти кои беа заминати во странство и тие аплицираа на повиците и сега се успешни асистенти. Овој факултет беше посебно оставен на маргините, а јас сум сигурна дека со ваков континуитет ќе ги вратиме во нормала и сите останати факултети кои беа заборавени во минатото“, рече Царовска додавајќи дека доколку не се планираат долгорочни политики поврзани со кадарот на високообразовните установи, тогаш директно се влијае на уништувањето на одредени научни дисциплини.

„И покрај обвинувањата дека актуелната Влада се обидува да уништи одредени научни дисциплини, конкретно историјата, ние всушност влијаеме на нивното одржување со тоа што придонесуваме за обезбедување на кадар кој е потенцијал којшто треба да ја одржи работата на факултетите“, потенцираше Царовска.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar