Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Концепцијата е прв чекор за подобрување на резултатите на меѓународните тестирања

Царовска: Концепцијата е прв чекор за подобрување на резултатите на меѓународните тестирања

 

Царовска: Концепцијата е прв чекор за подобрување на резултатите на меѓународните тестирања

 

Учениците кои наесен ќе почнат да учат по новата Концепција за основно образование, кога ќе завршат деветто одделение, во прва година на ПИСА тестовите ќе покажат какви резултати дава новата Концепција.  

„Ако ме прашате што сум направила како министер, носењето на Концепцијата е прв чекор за подобрување на резултатите на меѓународните тестирања, коишто не се подобруваат за една година. Државите коишто сакаат да променат нешто и да имаат подобри резултати, а резултатите не се бројка туку подобар човечки капитал во државата, тогаш тие треба 10 години порано да почнат, за да ги очекуваат првите резултати“, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Царовска посочи дека веќе година и пол течат подготовките за да имаме подобри резултати на ПИСА тестирањето.  Како Министерство, заедно со УНИЦЕФ подготвивме пет збирки на задачи за вежбање на тестовите и за начинот на поставување на задачите. Тука е голем предизвикот, објасни Царовска.

„Значајно е да наставниците зборуваат за ПИСА тестирањето. Во минатото многу често ни се случуваше да наставниците самите го минираат тестирањето, затоа што велеа дека тоа не им е на учениците за оценка. Не се тестираме секогаш за оценка, некогаш се тестираме само за да процениме до каде сме стигнале со нашиот квалитет на образование. Затоа ги поттикнувам родителите, секогаш кога се зборува за меѓународни тестирања, да ги мотивираме нашите деца, пред се како родители, да ги пополнат тестовите до крај, да покажеме колку сме научиле. Можеби директно не влијае на личната оценка на детето, но влијае на националниот просек и е значајно да стане национална гордост а не секогаш да бидеме последни на листите“, рече Царовска. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar