Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за студенти од Република Северна Македонија за студии во Индија

Стипендии за студенти од Република Северна Македонија за студии во Индија

 

 

Амбасадата на Република Северна Македонија во Њу Делхи известува дека “KITT” (Kalinga Institute of Industrial Technology) нуди 20 стипендии за студенти од Република Северна Македонија (100% бесплатни студии, вклучувајќи престој во посебен интернат наменет за странски студенти во кој е обезбедена и храна).

 

“KIIT” има воспоставено контакти за соработка со 175 универзитети низ целиот свет. Во интерес на развојот на двете земји, Индија и Северна Македонија, “KIIT” нуди соработка со македонските универзитети, преку размена на студентски програми, соработка на разни програми и проекти од страна на наставниот кадар, учество и организирање на семинари и конференции.

 

Детални информации во врска со овие стипендии може да се најдат на веб страницата: https://kiit.ac.in/

 

Контакт е-меил: internationaloffice@kiit.ac.in

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar