Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Македонија 2025 доделува стипендии за талентирани средношколци

Македонија 2025 доделува стипендии за талентирани средношколци

 

 

Mеѓународната невладина организација Македонија 2025 објави повик за доделување на стипендии за талентирани средношколци во тековната 2021 година. Стипендиите се во вкупен износ од 60.000 денари и ќе се доделат преку исплата на 10 месечни рати.

 

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи менторство и обуки за личен и професионален развој на одбраните стипендисти, платени пракси во истакнати македонски компании и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на нивниот професионален развој.

 

Крајниот рок за аплицирање е 15.3.2021 година.

 

Повеќе информации на следниот линк -  https://cutt.ly/qkMmlsP

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar