Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шабани: Повикот за запишување во средно стручно го правиме со компаниите, не кабинетски

Шабани: Повикот за запишување во средно стручно го правиме со компаниите, не кабинетски

 

Шабани: Повикот за запишување во средно стручно го правиме со компаниите, не кабинетски

 

Активно работиме на подобрување на средното стручно образование, наша цел е младите по завршување на училиштето да поседуваат вештини и знаења што ги бара пазарот на труд. Затоа низ социјален дијалог го усогласуваме повикот што ќе следи за запишување на ученици во средните стручни училишта, изјави заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, на средбата со претставници од локалната самоуправа, средните стручни училишта и компаниите во Општина Куманово.

„Лесно е ние, кабинетски, да го повториме ланскиот повик. Ова што го правиме, има навистина за цел, тој повик да произлезе од барањата на реалниот сектор. Сведоци сме дека компаниите не можат да обезбедат обучени млади луѓе кои веднаш по вработувањето можат да работат. И оваа состојба се продлабочува со секоја измината година. Токму тоа сакаме да го промениме“, рече Шабани, додавајќи дека со овие средби им се дава можност на компаниите да кажат каков кадар им е потребен.

Многу е важно, потенцираше Шабани, да јакне соработката и довербата помеѓу стручните училишта и компаниите на локално ниво, затоа што на тој начин средните стручни училишта стануваат центри кои креирааат стручен кадар којшто е баран на пазарот на трудот, а компаниите места кадешто учениците може да очекуваат вработување.

„Направивме, анализа што ни даде јасна слика за постојните профили кои ги нудат училиштата и каква е нивната усогласеност со потребите на компаниите.  Анкетата на 450 компании од цела држава покажа дека 85 % се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавање на стручен и квалитетен кадар“, додаде заменик министерот, напоменувајќи дека како Министерството за образование и наука може да изготви современи наставни програми, но важна е улогата на компаниите  кои преку работа во реални услови на учениците ќе им овозможат да стекнат и знаење и да се запознаат со културата и работните навики на компанијата.

[ четврток, 25 февруари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar