Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за учество на летни курсеви по полски јазик и култура во рамки на NAWA Програмата

Стипендии за учество на летни курсеви по полски јазик и култура во рамки на NAWA Програмата

 

Стипендии за учество на летни курсеви по полски јазик и култура во рамки на NAWA Програмата

 

Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека ќе обезбеди четири стипендии на кандидати од Република Северна Македонија за 2021 година, за учество на  летните курсеви по полски јазик и култура, во рамки на NAWA Програмата, кои ќе се одржат во Република Полска.

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примерока:

-       пополнета апликација;

-       CV, кратка биографија;

-       диплома за завршено високо образование;

-       за студентите: потврда дека е редовен студент на факултет;

-       мотивационо писмо.

 

Курсевите се одржуваат во јули и август 2021 година, во времетраење од 3 или 4 недели.

Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Непотполни и ненавремено доставени документи нема да се земат во предвид.

 

Оваа година, NAWA Програмата за летни курсеви (претходно летни курсеви по полски јазик и култура) се трансформираше во институционална програма. Главната промена која е важна за Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и за кандидатите е дека универзитетите со кои NAWA ќе потпише договори за организација на летни курсеви, ќе бидат одговорни за регрутирање на учесниците. Универзитетите ќе регрутираат учесници врз основа на упатствата од страна на NAWA и ќе ги прифатат оние учесници кои се наведени од страна на NAWA на списокот со загарантирани места. Деталните правила за регрутирање ќе бидат наведени од страна на самите универзитети, а сите тековни информации во случај на прашања од луѓе кои не се на списокот со загарантирани места, може да се најдат на следниот линк:

 https://nawa.gov.pl/en/the-polish-language/nawa-summer-courses

 

Кандидатите треба да се регистрираат најдоцна до 18.03.2021 година, до 15:00 часот, на следниот линк: https://programs.nawa.gov.pl/login

 

Регистрираните кандидати апликацијата заедно со горенаведените документи во два примерока треба да ги достават до архивата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, најкасно до 22.03.2021 година.

 

Интервју со кандидатите ќе се одржи на 26.03.2021 година во 10:00 часот во просториите на Министерството за образование и наука, 14 кат, канцеларија 1411.

 

Лице за контакт: Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци, (02) 3140 185,

E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk 

 

Важно: заради ситуацијата со КОВИД-19 пандемијата, сеуште не се знае дали курсевите ќе бидат организирани на традиционален (стационарен) начин, или втор пат по ред ќе бидат организирани од далечина (on-line). Оваа информација ќе биде позната до април 2021 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar