Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Полска

Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Полска

 

Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Полска

 

 

Полската национална агенција за академска размена - NAWA известува дека во академската 2021/22 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation - offer for incoming students and scientists”).

 

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски студенти за академската 2021/22 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование.

 

Полската страна ќе обезбеди:

-       бесплатно студирање и

-       сместување во студентски домови,

а висината на стипендијата изнесува:

-       1250 PLN/месечно за прв циклус на студии;

-       1500 PLN/месечно за втор циклус на студии;

 

 

Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/

 

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:

 

https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

 

Апликацијата заедно со потребните документи во два примерока треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најдоцна до 20 мај 2021 година.

 

 

Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иновации,

E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk

 

Прилог:

       -       Пријава 

-       “Regulations” of the Programme

-       Application form for candidates for the academic year 2021/22.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar