Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / 12ти февруари е крајниот рок за достава на договор за студентска стипендија

12ти февруари е крајниот рок за достава на договор за студентска стипендија

 

12ти февруари е крајниот рок за достава на договор за студентска стипендија

 

Министерството за образование и наука информира дека сите студенти кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија во учебната 2020/2021 година преку редовниот и дополнително објавениот конкурс, потребно е најдоцна до 12.2.2021 година да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на добитникот на стипендијата да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).


Договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите за доделување на студентските стипендии:

https://mon.gov.mk/content/?id=3584

https://mon.gov.mk/content/?id=3624

https://mon.gov.mk/content/?id=3710


Согласно конкурсните услови, сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок, ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar