Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Конкурс за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови во 2020 година

Конкурс за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови во 2020 година

 

Врз основа на член 57 став 1 алинеа 3 од Законот научнo-истражувачка дејност („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16, и 53/16),  член 5 став (1) од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови („Службен Весник на Република  Северна Македонија“, бр.102/18) и Решението за распишување Конкурс  за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови во 2020 година  бр.15-493/1 од 12.01.2021 министерството за образование и наука објавува

 

КОНКУРС ЗА НАДОМЕСТ НА СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ

ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА НАУЧНИ ТРУДОВИ ВО 2020 ГОДИНА

 

 

            1. Министерството за образование и наука објавува Конкурс за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus од наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: авторите).

           

2. Авторите кои платиле средства за објавување на труд во списание индексирано во базите Web of Science или Scopus, поднесуваат барање за надомест на средства до Министерството за образование и наука најдоцна една година од денот на објавувањето на трудот.

3. Потребни документи за барање на средства платени за објавување на научни трудови се:

            -  Пополнетo барање, 

            - копија од објавениот труд од домашен автор во списанија реферирани во базите Web of Science или Scopus;

            - копија од страницата на списанието кадешто е наведен насловот, годината и бројот на списанието, уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен трудот;

            - уверение за државјанство на Република Северна Македонија на авторот/авторите

            -    потврда за избор во наставно, соработничко или научно звање.

- копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на субјектот за вршење на научно-истражувачката дејност.

- изјава на авторите на трудот за процентуална распределба на средствата платени за објавување на трудот        и

            - Изјава за користење лични податоци

           

            4. Јавниот конкурс трае до 15 март 2021 година. Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

5. Финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

6. Барањето  и потребната пропратна документација за конкурсот може да се добие и во Министерството за образование и наука.

 

Документите по основ на известувањето се доставуваат  со назнака „Надомест на средствата платени за објавување на научни трудови“ да се достават на адресата или во писарницата на:

Министерство за образование и наука

Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.54 1000 Скопје

Дополнителни информации за Надомест на средствата платени за објавување на научни трудови  можат да се добијат во Министерството за образование и наука

Контакт лице: Александар Петров телефон  02/3140-189 и

e-mail: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1405

и Олга Дуковска Атов телефон  02/3140-185 и

e-mail: оlga.dukovska@mon.gov.mk, канцеларија 1410

[ петок, 15 јануари 2021 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar