Министерството за образование и наука известува дека Сојузното министерство за образование, наука и истражување на Република Австрија доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и истражувачи за студиската година 2021/2022 година.
Подетални информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, можат да се најдат на следната интернет страница: https://grants.at/en/