Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повторен конкурс за доделување 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

Повторен конкурс за доделување 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 54 став 10 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и 248/20) и Одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 195/20 253/20 и 287/20) и Решението за распишување Конкурс за доделување 25 (дваесет и пет)стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година бр.19-15343/1 од 30.12.2020 година Министерството за образование и наука распишува

 

ПОВТОРЕН КОНКУРС

за доделување 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година ќе додели 25 (дваесет и пет)стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале најмалку добар успех;

2. Да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале најмалку добар успех;

3. Да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;

4. Да не повторувале година во текот на образованието;

5. Да не се корисници на стипендија од други јавни институции или фирми;

6. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите е остварениот успех.

 

II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 30.12.2020 до 11.01.2021 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните:

1.    Евидентен  лист;

2.    Потврда дека е редовен ученик во учебната 2020/2021 година;

3. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);

4. Потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;

5. Изјава потпишана од старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;

6. Изјава потпишана од старател дека доставените документи се вистинити, објавена на интернет страницата на Министерството;

7. Изјава потпишана од старател за обработка на личните податоци на кандидатот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 25.01.2020 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 05.02.2020 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

 

 

 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

 

[ среда, 30 декември 2020 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar