Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Оглас за ангажирање лица во проектаната единица за имплементација на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

Оглас за ангажирање лица во проектаната единица за имплементација на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

 

Проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.  Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

 

Министерството за образовани и наука има потреба од ангажирање на 2 (две) лица во проектната единица за имплементација на проектот на следнива позиција:

 

-          Супервизор (2 лица)

Минималните критериуми кои треба да ги исполнуваат лицата на наведената позиција се следниве:

         I.  Супервизор (1 лице):

 -   Високо образование – студии од областа на градежништвото најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Градежен факултет), конструктивна насока ќе се смета за предност

 

-   Најмалку 7 (седум) години работно искуство во струката

-   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-   Работа со компјутери (MS Office и AutoCAD)

-   Возачка дозвола Б категорија

 

       II.  Супервизор (1 лице):

 

-   Високо образование – студии од областа на архитектура најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен

-   Најмалку 7 (седум) години работно искуство во струката

-   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-   Работа со компјутери (MS Office и AutoCAD)

 -   Возачка дозвола Б категорија

 Покрај наведените критериуми за секоја од позициите избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:

 - Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

 -  Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;

 -   Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

 -   Ориентираност кон странките/засегнати страни;

 -   Стратешка свест;

 -   Висока мотивираност за остварување на зададените цели и задачи.

 

 Заинтересирани лица / кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:

 -          кратка биографија на македонски јазик (CV) и

 -          писмо за изразување интерес на македонски јазик со назнака за која позиција аплицираат

 

Кратка биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието или завршен степен на образование.

Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните критериуми од овој оглас се одбиваат.

 Апликациите треба да се достават најдоцна до 12.01.2021 година на mail vulnet.saliu@mon.gov.mk

Министерството за образование и наука го задржува правото на интервју со потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат минималните критериуми.

 

 

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar