Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Професор Барбареев во „Клик Плус“: Мора да разбереме дека новата образовна концепција е за подобра наша иднина

Професор Барбареев во „Клик Плус“: Мора да разбереме дека новата образовна концепција е за подобра наша иднина

 


Овој концепт е одлична можност да ја видиме намерата на Владата за инвестиции во образованието, рече Кирил Барбареев професор на Универзитетот “Гоце Делчев“,во дебатната емисија на ТВ 21 „Клик плус“.


Професор Барбареев, кој е дел од работата група што ја подготвува концепцијата рече дека ќе се обезбеди учество на сите релевантни институции во изработка на наставните програми.

„Мора да разбереме дека истиот е за нашата подобра иднина. Сите анализи кои се направени и во Македонија и од страна на Светската банка покажуваат дека резултатите на нашите ученици се пониски за 40% од учениците од земјите на ОЕЦД. ПИСА тестирањето потврдува дека е неприменливо знаењето на учениците и дека е на ниско ниво.


Оваа реформа, овој концепт има за цел целосна автономија на училиштето и наставниците. Зборуваме за точен и прецизен систем. Неговото остварување е долг пат, а резултатите од него ќе можеме да ги видиме за 10 години, а не веднаш“, нагласи Барбареев.

Со оваа реформа, посочи Барбареев, конечно во земјава ќе се воведе стандардизација на образованието. Овој концепт да нуди слобода, учениците да го засакаат училиштето и да учат. Податоците од истражувањето на ОЕЦД покажаа дека македонските ученици имаат 900 часа помалку посета на настава. Во овој период е потребно МОН да се отвори кон сите учесници во образованиот систем.

Барбареев даде објаснување како ќе изгледа спојувањето - интеграцијата на предметите. Како пример го посочи обработувањето на делото „Дневникот на Ана Франк“, додека по општествени науки ќе се обработува Втората светска војна. Станува збор, рече Барбареев, за педагошки пристап, односно на кој начин сакаме да ја изучуваме историјата.


Никој не ни брани во средното и во високото образование да имаме предмет Национална историја, рече Барбареев, напоменувајќи дека сите прашања поврзани со новата концепција ќе бидат разјаснети на дебатата која ќе следи.

 

[ среда, 23 декември 2020 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar