Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повторен конкурс за доделување 8 (осум) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

Повторен конкурс за доделување 8 (осум) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 54 став 10 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и 248/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 195/20, 253/20 и 287/20) и Решението за повторно распишување на Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021, бр.19-13837/1 од 3.12.2020 година, министерот за образование и наука донесе

 

ПОВТОРЕН КОНКУРС

 

за доделување  8 (осум) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели до 8 (осум) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија во Република Северна Македонија;

2. да имаат постигнато минимум континуиран успех од многу добар во досегашното  образование;

3. да не повторувале година во текот на образованието;

4. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;        

5. да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-постигнат успех од досегашното образование.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 3.12.2020 до 11.12.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните:

Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);

3.Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;

4. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет страницата на Министерството;

5. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е ненавремено доставена.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 14.12.2020 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 18.12.2020 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

 

 Изјава - согласност за обработка на лични податоци

Изјава - кандидатот не е корисник на друга стипендија

Изјава за идентичност на податоци

Евидетентен лист

[ четврток, 03 декември 2020 ] [ 579 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar