Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска одговараше на прашањата на учениците: Младите и децата се наши партнери заедно ќе создадеме подобро образование

Царовска одговараше на прашањата на учениците: Младите и децата се наши партнери заедно ќе создадеме подобро образование

 

Царовска одговараше на прашањата на учениците: Младите и децата се наши партнери заедно ќе создадеме подобро образование

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска по повод Меѓународниот ден на децата, одговараше на прашања на владиниот онлајн состанок којшто го презедоа и водеа учениците и младите.

Министерката истакна дека шесте теми: квалитет на предавањата, менталното здравје нa децата, еко настава, онлајн наставата, учење вештини наспроти мeморирање на факти и инклузивно образование, се делови од образовниот систем кои што со години недостигаат, а за кои Владата и министрите веќе посветуваат огромно внимание.

„Ние возрасните сме овде за да го слушнеме гласот на сите ученици и малди во државата. Оваа влада е посветена на воведување на системи кои се одржливи и кои ќе даваат резултати. Тоа го правиме и во промени на наставните програми за основно и за средно образование, и во јакнење на инклузивното образование и во јакнење и вложување во наставниот кадар којшто е многу важен во целиот образовен процес и преностот на знаењето кон учениците“, рече министерката Царовска.

Царовска истакна дека на ниво на држава онлајн наставата се одвива успешно за најголемиот дел од учениците. Во моментот околу 8.000 ученици во цела држава следат настава преку телевизија или со достава на материјали и е за неколку пати помала од првичната проценка од 40 илјади ученици дека се без ИТ уреди.

„Училиштето е место каде што не само учиме, туку и создаваме граѓани. Затоа ќе ги отвориме училиштата децата да поминуваат повеќе време во нив, освен за настава и за други активности кои ќе ги направат подобри граѓани. На сите овие промени ќе работиме заедно со учениците и младите. За креирањето успешни младински политики ја создадовме работната група МЛАДИ-МОН која ќе биде наш силен партнер во носењето на сите важни одлуки“, рече Царовска.

Министерката рече дека на овој ден треба сите заеднички да си честитаме што земјата многу одамна ја има ратификувано Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации. Сите заеднички треба да работиме за унапредување на правата на децата и создавање на свет каков што го замислуваат тие.

На владиниот состанок се обратија претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, министрите за труд и социјална политика и за животна средина Јагода Шахпаска и Насер Нуредини, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и преставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar