Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Работилница посветена на клучните аспекти и предизвици во процесот на имплементација на Стратегијата за паметна специјализација

Работилница посветена на клучните аспекти и предизвици во процесот на имплементација на Стратегијата за паметна специјализација

 

Министерството за образование и наука во соработка со Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија, денес организираше работилница посветена на клучните аспекти и предизвици во процесот на имплементацијата на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија.

Презентери на настанот беа врвни меѓународни експперти од Заедничкот истражувачки центар, кои преку интерактивни сесии и практични дискусии со претставници на имплементирачките институции од Македонија придонесоа за подигнување на свеста за предизвиците во имплементација на Стратегијата.

За време на работилницата беа разгледани низа оперативни решенија преку размена на искуства и добри практики од другите држави, а се дискутираше и за начинот на кој можат да се прилагодат во национален контекст.

Работилницата се организира согласно потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука и Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, кој предвидува поголеми можности за македонските научници и истражувачи да се вклучат во европските истражувачки мрежи каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на одржливи згради и инфраструктура, индустрија 4.0 и паметна специјализација.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar