Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во МОН

Студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во МОН

 

Министерството за образование и наука ја проширува соработката со високообразовните институции овозможувајќи учество на студентите во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализацијата на образованието. Студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во министерството, за што е потпишан меморандум.   

Студентите ќе учествуваат во извршување на оперативните потреби на министерството, за што ќе имаат менторска поддршка. Ова искуство ќе им овозможи примена на знаењата во реални услови, со што ќе им се помогне во професионалниот развој и подготовката за кариера во ИТ индустријата. Исто така, ќе бидат вклучени и во реализација на обуки за сајбер безбедност и примена на нови технологии, наменети за наставници и ученици. 

Министерството за образование и наука е отворено за соработка со академската заедница. Претходно, меморандум за соработка беше склучен и со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar