Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за учество на летни курсеви по романски јазик, литература, култура и историја

Стипендии за учество на летни курсеви по романски јазик, литература, култура и историја

 

 

Амбасадата на Романија во Скопје известува дека Министерството за образование на Романија доделува стипендиии за учество на летните курсеви по романски јазик, литература, култура и и историја на врвни универзитети во Романија, за периодот јули и август 2025 година.

Апликацијата заедно со потребните документи треба да се поднесе електронски, на e-mail адресата: ro.summercourses@edu.gov.ro и international@edu.gov.ro

Крајниот рок за поднесување на апликацијата е 30 мај 2025 година.

Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Конечните резултати од процесот на селекција ќе бидат објавени на веб страницата: https://www.edu.ro/summer-courses или испратени на email адресата на избраните кандидати.

Прилог: Summer Courses 2025

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar