Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност дејност („Службен весник на РМ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15,154/15, 30/16 и 53/16) и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 257/20, 163/21 64/24 и 235/24), и член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ” бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-6631/1 од 06.05.2025 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети-факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година
Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог - проекти по Конкурсот за финансирање на научно -истражувачки проекти на државните универзитети-факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година.
Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.
Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, научни подрачја и научни области на истражување:
1. Природно-математички науки
2. Техничко-технолошки науки:
3. Медицински науки и здравство :
4. Биотехнички науки:
5. Општествени науки:
6. Хуманистички науки:
Како и од следните области од Стратегијата за паметна специјализација во насока на дигитална и зелена транзиција:
o Паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност;
o Информациски и комуникациски технологии (ИКТ);
o Електро-машинска индустрија-Индустрија 4.0;
· Одржливи материјали и паметни згради;
· Енергија и
· Туризам
Избраните рецензенти, проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните компоненти:
- исполнетоста на условите/обврските од согласноста од точка3.3 од Конкурсот и исполнетоста на дадените податоци и информации од пријавата за критериумите по кои се извршило оценувањето (бодирањето),
- научен карактер на финалната студија,
- реализираност на предложените цели на проектот,
- употреба на предложената методологија,
- релевантност на добиените резултати,
- вклученост на предложениот тим,
- трошење на средствата според одобрениот буџет и финансискиот и наративниот извештај.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
- доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти
-изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс.
Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).
Пријавата за рецензент, се пополнува во електронска форма на порталот e-uslugi.mon.gov.mk
Краен рок за доставување на пријавите е 16.06.2025 ( 16:30 часот)
Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.