Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2025 година

Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2025 година

 

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16), и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр 257/20, 163/21, 64/24 и 235/24) член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-6632/1 од 06.05.2025 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2025 година

 

Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат реализираните проекти по Конкурсот за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2025 година.

 

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.

 

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:

 

1 Историја

2 Археологија

3 Јазик и книжевност

4 Филозофија, етика и религија

5 Уметности (Историја на уметност, уметности)

6 Биологија и хидробиологија

Биодиверзитет

7 Екологија, лимнологија

8 Архитектура

 

 

 

 

Избраните рецензенти, проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните компоненти:

- исполнетоста на условите/обврските од согласноста од точка3.4 од Конкурсот и исполнетоста на дадените податоци и информации од пријавата за критериумите по кои се извршило оценувањето (бодирањето),

- научен карактер на финалната студија,

- реализираност на предложените цели на проектот,

- употреба на предложената методологија,

- релевантност на добиените резултати,

- вклученост на предложениот тим,

- трошење на средствата според одобрениот буџет и финансискиот и наративниот извештај.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти

-изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент, се пополнува во електронска форма на порталот e-uslugi.mon.gov.mk:

Краен рок за доставување на пријавите е 16.06.2025 ( 16:30 часот)

Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar