Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање на стипендии за македонски државјани од страна на Италијанската Влада за академската 2025-2026 година.
Лицата можат да аплицираат за следните категории на студии во Италија:
- Напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански
јазик (3 месеци);
- Втор степен на универзитетски студии (две годишни постдипломски);
- Студии за високо образование од областа на ликовната уметност, филмска и драмска уметност, музичката уметност и танцот;
- Докторски студии;
- Истражувачки проекти.
Подетални информации околу аплицирањето може да се најдат на веб страната на Амбасадата на Италија: www.ambskopje.esteri.it како и на порталот на
Италијанската Влада наменета за студирање во Италија и за стипендии: https://studyinitaly.esteri.it .
Апликацијата ( која може да се симне од горенаведениот портал) треба да биде целосно пополнета и испратена online заклучно со 16 мај 2025 ( до14:00 часот).