Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Конкурс за основци и средношколци за есеј по повод 5 Мај - Ден на македонскиот јазик

Конкурс за основци и средношколци за есеј по повод 5 Мај - Ден на македонскиот јазик

 

Конкурс за основци и средношколци за есеј по повод 5 Мај - Ден на македонскиот јазик

 

По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик - 5 мај, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС ЗА ЕСЕЈ

за учениците од основните и средните училишта

На следните теми:

- Категорија 1 : За учениците од четврто до шесто одделение

„Мојот македонски јазик е како виножито, полн со бои и зборови“

 

- Категорија 2: За учениците седмо до деветто одделение и учениците од прва до четврта година средно образование

„Мојот македонски јазик – мој идентитет, културно наследство и аманет”

 

- Категорија 3: За учениците од четврто до шесто одделение кои учат на наставен јазик различен од македонскиот јазик

„Македонскиот и мојот мајчин јазик се пријатели“

 

- Категорија 4: За учениците седмо до деветто одделение и учениците од прва до четврта година од средните училишта кои учат на наставен јазик различен од македонскиот јазик

„Македонскиот јазик и мојот мајчин јазик се богатство кое не тежи, туку возвишува“

 

Учениците кои учат на наставен јазик различен од македонскиот јазик имаат право во зависност од одделението или класот во кој учат да се пријават на предложените теми, во согласност со своите интереси и потенцијали.

 

I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта на територијата на Република Северна Македонија. 

 

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Есејот треба да биде оригинален, со силен израз и мисла која ја отсликува горенаведената тема на конкурсот.

Есејот треба да биде со читлив и јасен ракопис, напишан на македонски јазик.

Есејот за учениците од четврто до шесто одделение треба да има до 200 зборови, додека за учениците од седмо одделение основно образование до четврта година средно образование треба да има од 200 до 300 зборови.

Еден ученик може да испрати само еден индивидуален авторски труд.

Есеите кои не ги задоволуваат критериумите или се со непримерна содржина ќе бидат веднаш дисквалификувани.

 

Есејот се испраќа во плик до Министерството за образование и наука. На есејот треба да стои шифра и категоријаза која се доставува есеј со во заграда (основно училиште или средно училиште) во зависност каде учи ученикот и во посебен внатрешен плик означен со истата шифра да бидат доставени податоците за ученикот (име и презиме, одделение/клас, училиште, општина и контакт телефон од родител/старател). Посебниот внатрешен плик ќе биде отворен само за наградените есеи по извршениот избор.

Есејот заедно со пликот со податоци за ученикот кој го напишал есејот се доставува со следнава назнака „За конкурс за есеј по повод 5 мај- Денот на македонскиот јазик”.

Есеите потребно е да се испратат најдоцна до 15-ти мај 2025 година, до Министерството за образование и наука на следнава адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54 , 1000 Скопје.

 

III. НАЧИН НА ИЗБОР

За избор на најдобрите есеи, Министерството за образование и наука ќе формира комисија, составена од пет членови.

 

IV. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

Министерката за образование и наука ќе додели пригодни награди за учениците кои ќе освојат прво место на овој натпревар во секоја од категориите и тоа:

 

- За категорија 1 – една награда за освоено прво место,

- Категорија 2- една награда за освоено прво место за ученик кој учи во некое од одделенијата од седмо до деветто одделение,

 

- Категорија 2- една награда за освоено прво место за ученик кој учи во некој од класовите од прва до четврта година во средно училиште,

 

- Категорија 3- една награда за освоено прво место,

 

- Категорија 4- една награда за освоено прво место за ученик кој учи во некое до одделенијата од седмо до деветто одделение и

 

- Категорија 4- една награда за освоени прво место за ученик кој учи во некој од класовите од прва до четврта година средно училиште.

 

Министерството за образование и наука на 26 мај 2025 година на својата веб страница (www.mon.gov.mk) ќе ги објави наградените трудови со шифрите.

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar