Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предмети наведени во повикот
|
|
Информатика за I година, средно стручно четиригодишно образование |
ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ |
Ликовна уметност I година, средно стручно четиригодишно образование |
ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ |
Биологија (Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование |
ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ |
Современи технологии на економските сектори СЕКТО/СТРУКА: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА заеднички предмети за квалификаците/образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика |
ПРЕТСЕДАТЕЛ |
Техничко цртање СЕКТОР/СТРУКА ТЕКСТИЛ,КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ/ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека,техничар за дизајн на облека, техничар за обувки, техничар за моделирање на обувки |
ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ |
Анатомија и физиологија 1 ГОД |
ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕН |
Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
За претседател:
- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
За член:
- да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-потврда за работно искуство издадена од ПИОМ
- потврда од установата во која е вработен.
Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје
Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.54,Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 09.05.2025 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.