Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Повик на Европската комисија за пролетен круг за DISCOVER-EU 2025 за бесплатни патувачки пропусници

Повик на Европската комисија за пролетен круг за DISCOVER-EU 2025 за бесплатни патувачки пропусници

 

Министерството за образование и наука информира за иницијативата на Европската Комисија која нуди речиси 36.000 бесплатни патувачки пропусници низ Европа за млади од 18 години.

Преку Програмата DiscoverEU 2025 Европската Комисија им овозможува на избраните апликанти да патуваат со воз најмногу до 30 дена во периодот од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 година, со цел културно истражување и едукативни доживувања низ Европа.

Право на аплицирање имаат лица родени помеѓу 1 јули 2006 и 30 јуни 2007 година, кои се жители на земји-членки на ЕУ или на земји поврзани со програмата Еразмус+ (Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција).

Крајниот рок за пријавување е среда, 16 април 2025 до 12:00 часот, преку Европскиот младински портал (https://youth.europa.eu/home_en). Пријавата вклучува проверка на исполнување на условите и краток квиз за ЕУ, по што следува електронска апликација.

Пропусниците ќе бидат доделени врз основа на ранг-листа, сè додека не се потрошат сите. Учесниците можат сами да го осмислат своето патување или да изберат една од предложените тематски маршрути инспирирани од приоритетите на ЕУ, како што се Зелената рута (која вклучува наградени зелени градови и природни паркови) и рутите наНовиот европски Баухаус (фокусирани на иновации, одржливост и урбан дизајн).

Дополнително, добитниците ќе добијат попуст-картичка што важи во 36 земји и нуди попусти за превоз, сместување, културни локации, храна, спорт и други активности.

Програмата нуди специјална поддршка за млади со попреченост, здравствени состојби или ограничени можности, како и дополнителна логистичка помош за апликанти од рурални, островски или оддалечени региони.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar