Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 2016 и „Службен весник на РСМ“ бр.257/20, 163/21, 64/24, 253/24), член 2 и 9 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19и бр.88/21) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2025 година со бр.15-4415/2 Министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување на средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2025 година
- Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2025 година.
2. Право на поднесување на пријава за доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).
3. Пријавата со пропратната документација ја поднесува субјектот кој врши научно-истражувачка дејност.
4. Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
§ пополнета пријава;
§ програма за обавување на студискиот престој во странство;
§ писмен доказ од установата каде ќе престојува дека го прифаќа кандидатот за студиски престој во странство;
§ согласност од установата каде што е вработен кандидатот за студискиот престој во странство.,
- потврда за висината на патните трошоци.
§ изјава за користење на лични податоци
5. Домашниот научен истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс.
6. Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство се пресметуваат во зависност од висината на средствата за патните трошоци и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
Домашните научни истражувачи кои учествувале на студиски престој во странство се согласуваат:
- да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;
Линк за E-CRIS.МК: https://cris.cobiss.net/ecris/mk/mk
7. Пријавите и документите наведени во точка 4 и 5 на овој Конкурс заклучно до 31.10.2025 година се доставуваат на следната адреса или во архивата на:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Рејхане Исмаили, канцеларија број 1408.