Врз основа на член 50 став 1 и 5 и член 52-а став 3 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16, 53/16, 257/2020, 163/2021, 64/2024 и 253/24), член 2 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 156/19 и бр.88/21), Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2025 година бр. 15-4414/1 од 13.03.2025 година и финансискиот план на Министерството за образование и наука за 2025 година, Министерството за образование и наука распишува:
К О Н К У Р С
за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2025 година
- Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2025 година.
- Право на поднесување на пријава за доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).
- Барањето со пропратната документација ја поднесува субјектот кој врши научно-истражувачка дејност.
- Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
- пополнето барање;
- доказ дека трудот е прифатен за усна или писмена (постер) презентација од организаторот на меѓународниот научен собир;
- согласност од установата каде што е вработен кандидатот за учество на меѓународниот научен собир;
- потврда за висината на патните трошоци
- потврда за висината на котизацијата;
- апстракт од научниот труд (линк од објавениот труд);
- Изјава за користење на лични податоци
- Домашниот научен истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс.
6. Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири се пресметуваат во зависност од висината на котизацијата, висината на патните трошоци и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
Домашните научни истражувачи кои се учесници на меѓународни научни собири се согласуваат:
- да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;
- да го објават научниот труд (препринт или оригиналот согласно правилата на меѓународниот научен собир), пред да се поднесе пријавата, во репозиториумот на матичниот факултет/научна установа/универзитет. Доколку установата нема репозиториум, истражувачите може да го објават трудот на други веб платформи (ResearchGate и слично) или списанија.
- Линк за E-CRIS.МК: https://cris.cobiss.net/ecris/mk/mk
Барањето и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс заклучно до 31.10.2025 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54 1000 Скопје
Дополнителни информации за Конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт: Едмонд Метај, канцеларија број 1408