Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

 

Врз основа на член 24-а од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 118/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.229/20) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование бр.19-2249/1 од 05.03.2013 година, бр.20-2928/1 oд 02.03.2017 година, бр.13-5583/1 од 29.03.2021 година, бр.13-5583/2 од 31.03.2021 година и бр.12-3710/1 од 29.03.2024 година, Министерството за образование и наука објавува

 

ЈАВЕН  ПОВИК

за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование.

На овој Јавен повик право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите и да обезбедат организирање на натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици.

Со поднесувањето на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во средното образование, здруженијата на наставници треба да достават:

1.Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Северна Македонија

2.Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија

3.Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадени од Централен регистар на Република Северна Македонија

4.Статут на здружението на наставници

5.Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници

6.Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во средните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на натпреварите.

Доколку на Јавниот повик се пријават две или повеќе здруженија кои ги исполнуваат условите согласно член 24-а од Законот за средното образование, Комисијата за акредитација на здруженија на наставници одлучува врз основа на дополнителни критериуми, и тоа:

-број на наставници кои членуваат во здружението,

-број на наставници од здружението коишто како ментори учествувале на меѓународни натпревари/олимпијади и

-добиените награди за освоени места на меѓународни натпревари/олимпијади каде што ментори биле наставници од здружението.

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, односно област за период од три години сметано од датумот на издавање на решението за акредитација.

Акредитираните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организираат преку наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, како и да обезбедат организирање на натпреварите на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски јазик и литература и српски јазик и литература.

Акредитираното здружение на наставници на својата интернет страница секоја година јавно ги објавува прашањата, зададените задачи и/или темите кои се користеле при одржаните натпревари на ученици на општинско, регионално и државно ниво на натпреварите од претходната година кои треба да бидат преведени на сите наставни јазици.

Учеството на учениците на натпреварите по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование е доброволно и бесплатно, односно не се наплаќа паричен надоместок од родителите/старателите на учениците.

Здружението на наставници или сојузот на здруженија може да издаде само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученик кој учествувал на државен натпревар по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, пофалница на наставникот - ментор, а за останатите учесници може да издаде уверение за учество на натпреварот.

 

Право на учество на Јавниот повик имаат здруженија на наставници и сојузи на здруженија на наставници за следните:

 

Општообразовни наставни предмети за гимназиско и стручно образование:

 

-Албански јазик и литература

-Турски јазик и литература

-Руски јазик

-Српски јазик и литература

-Социологија

-Граѓанско образование

-Бизнис и претприемништво

-Бизнис

-Спорт и спортски активности -Ликовна уметност -Педагогија -Психологија -Вовед во право -Менаџмент -Логика -Етика -Економија.

 

Стручни предмети од следните сектори:

-Градежништво и геодезија -Геологија, рударство и металургија

-Графичарство -Економија, право и трговија

-Здравство и социјална заштита -Лични и други услуги

-Текстил, кожа и слични производи -Угостителство и туризам

-Шумарство и обработка на дрво

-Спорт и рекреација

-Уметност.

 

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Јавен повик во писарницата на Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar