Се известуваат сите корисници на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија (студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров), а кои правото на студентска стипендија го оствариле во некоја од изминатите академски години, правото на стипендија во академската 2024/2025 година можат да го продолжат во периодот од 1.10.2024 до 15.10.2024 година.
Kорисникот на стипендија треба да ја достави до Министерството за образование и наука следната документација:
- Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање;
- Уверение со положени испити;
- Уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години
- Индекс (копија) од прв запишан семестар до последен заверен семестар.
За сите дополнителни информации или прашања студентите може да се обратат на електронската адреса studentski.stipendii@mon.gov.mk