Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРАЊЕ на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ (MK IPA 17 SO 01 21)

ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРАЊЕ на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ (MK IPA 17 SO 01 21)

 

 

Твининг проектот финансиран од ЕУ „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ (MK IPA 17 SO 01 21) го најавува свечениот настан за официјално затворање што треба да се одржи на 13 декември 2023 г. во Скопје, во хотел Мериот, сала 1.

 

Проектот започна во октомври 2021 г. како заеднички потфат кој кулминираше со значителни постигнувања во текот на изминатите 27 месеци. Со вкупен буџет од 1.500.000,00 евра, овој потфат го предводеше конзорциум од три земји членки на ЕУ: Литванија, Франција и Словенија. Литванското Министерство за образование, наука и спорт го презеде кормилото како водечки партнер, притоа соработувајќи со клучни субјекти како што се Центарот за проценка на квалитетот во високото образование (SKVC), Центарот за развој на квалификации и на стручното образование и обука (KPMPC), како и Агенцијата за европски социјални фондови (ESFA). Франција и Словенија во функција на помлади проектни партнери придонесоа преку Високиот совет за евалуација на истражувањата и високото образование, како и Институтот за стручно образование и обука на Република Словенија.

 

Главната цел на проектот беше дополнително зајакнување и поголема применливост на Националната рамка на квалификации (НРК) за зголемување на вработливоста, мобилноста и социјалната интеграција меѓу работниците и учениците. Проектот ја поддржа функционалноста на НРК и особено се фокусираше на:

-           подобрување и имплементирање на постапките за обезбедување квалитет (ОК);

-           транспарентност и управување со вештините и квалификациите во рамки на доживотното учење во општото образование и стручното образование и обука (СОО) и високото образование;

-           подобрување на квалитетот и подобра приспособливост на образованието и обуките согласно барањата на пазарот на трудот;

-           поврзување на формалното, неформалното и искуственото учење; и

-           поддршка во процесот на валидација на резултатите од учење стекнати преку неформално или искуствено учење.

 

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија е директен корисник на овој проект.

 

Настанот за официјално затворање служи како повод за резимирање на постигнувањата на проектот. На конференцијата ќе бидат добредојдени ценети гости, вклучително и високи претставници на повеќе амбасади, претставници на Делегацијата на ЕУ, како и претставници на медиумите. Сите главни чинители, вклучително и конзорциумот и релевантните институции што беа корисници на проектот заедно ќе се осврнат на значајните постигнувања во текот на имплементацијата на проектот.

 

Датум и време:        13 декември 2023 г.

                                    10:00 ч.

Место:                        Скопје, хотел Мериот, сала 1

                                    Плоштад Македонија 7, Скопје

 

За повеќе информации ве молиме обратете се на:

Јолита Буткиене, Постојан твининг советник (ПТС)

jolita.butkiene@mon.gov.mk

Дрита Ризвани, ПТС во земјата корисник

drita.rizvani@mon.gov.mk

 

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar