Врз основа на член 13 и член 16 став 1 а согласно Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование и Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование, директорот на Педагошката служа, распишува
Јавен оглас
за рецензенти на учебници
1. Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.
2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:
1. Италијански јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
- да бидат наставници од основно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
- потврда за работно искуство издадена од АВРСМ
-потврда од установата во која е вработен.
Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје
Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 14.09.2023 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.