Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Оглас за работа за асистент во рамки на твининг проект

Оглас за работа за асистент во рамки на твининг проект

 

Оглас за работа за асистент на ПТС

 

Инструмент за претпристапна помош (ИПА)

Твининг Проект „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка квалификации

Реф. Бр. : MK IPA 17 SO 01 21

има потреба од ангажирање

Асистент на постојаниот твининг советник (ПТС асистент)

Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ е заеднички проект помеѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, претставуван од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Литванија.

 

Главната цел на проектот, кој е имплементиран од конзорциум од релевантни државни институции од Литванија, Франција и Словенија, е дополнително зајакнување и операционализација на Националната рамка за квалификации (НРК), со цел да се зголеми вработливоста, мобилноста и социјалната интеграција на работниците и учениците.

 

Проектот бара асистент на постојаниот твининг советник (ПТС асистент), чии активности вклучуваат поддршка на ПТС во координацијата и управувањето со твининг проектот. Проектот започна на 1 октомври 2021 година и ќе трае 27 месеци.

 

ПТС асистентот ќе биде ангажиран со полно работно време со договор за услуги и ќе биде со работна локација во Скопје. Лица кои имале каков било договор за ангажман со државната администрација во претходните шест месеци нема да бидат земени предвид за оваа позиција.

 

Задачите на ПТС асистентот вклучуваат:

-        Помош на ПТС во секојдневната имплементација на проектот;

-        Планирање, организирање и координација  на активностите поврзани со управување на канцеларијата;

-        Преземање обврски околу спроведување на административните работи во однос на имплементацијата на проектот;

-        Одржување блиски работни односи и дијалог со администрацијата на земјата- корисник;

-        Одржување на системите за ахривирање и уредување на документите за полесна размена на информации помеѓу учесниците во проектот;

-        Преземање обврска околу подготовките и поднесување извештаи за мисијата, водење евиденција за реализирани работни часови и сертификати за мисија;

-        Организација на семинари, обуки, состаноци и други посети надвор од Република Северна Македонија;

-        Подготовка на квартални состаноци на Управниот одбор на проектот, вклучително и подготовка на квартални периодични извештаи;

-        Да извршува функција како преведувач/толкувач, кога е потребно.

ПТС Асистентот ќе биде избран во согласност со следните критериуми за избор:

Потребни вештини и искуство:

:

-        Завршено високо образование на академски студии од најмалку VII/1 или 240 кредити според ЕКТС, предност ќе имаат кандидатите со завршени  политички науки, општествени науки, или која било друга дисциплина релевантна за позицијата;

-        Течно зборува и пишува македонски јазик со одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;

-        Практично искуство во секојдневни активности поврзани со поддршка за превод и толкување на меѓународни советници/експерти;

-        Докажано искуство во администрација и управување со проекти;

-        Искуство на проекти финансирани од меѓународни донатори, на пример: проекти финансирани од ЕУ, како што се твининг проекти, ќе бидат предност;

-        Одлични компјутерски вештини (MS Word, Excel, Интернет, итн.);

-        Одлични организациски вештини;

-        Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини.

Кандидатите треба да ја испратат нивната биографија (во формат Еуропас)  со мотивационо писмо на англиски јазик на електронската адреса indrija.askeloviciene@esf.lt со наслов „RTA Assistant“ до 22 октомври 2021 година. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју.

 

Документи кои треба да се приложат со скенираната верзија како дел од апликацијата:

-          Диплома/уверение за стекнато високо образование на академски студии од најмалку VII/1 или 240 кредити според ЕКТС, предност диплома/уверение од политички науки, општествени науки, или која било друга дисциплина релевантна за позицијата; ;

-          Меѓународно признат сертификат за познавање на јазикот (доколку е применливо);

-          Препораки од претходниот работодавач/и (доколку е применливо).

 

Овој проект е финансиран од Европската Унија

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar